ЕДИНСТВЕН НАЦИОНАЛЕН ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР НА ПРОПИСИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Назад

Соработка

Проектот „Огледало на Владата“ се спроведува во Македонија од 2012 г. од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) , финансиран од Европската Унија и Агенција за меѓународен развој на САД (УСАИД).

Во рамките на проектот се следи Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) со што се оценува вклучување на јавноста во раната фаза на подготовка на закони. Резултатите од следењето на ЕНЕР се објавуваат во неделни и месечни прегледи и квартални и годишни извештаи. Целта на овие изданија е да се зголеми информираноста на граѓаните и да се поттикнат граѓанските организации и другите засегнати страни да учествуваат во раните фази на подготовката на законите. Сите резултати од проектот „Огледало на Владата” се достапни на веб-страната www.ogledalonavladata.mk.

Во табелата се претставени резултатите од следењето на почитување на минималниот рок од 10 дена за консултации со јавноста за предлог-закони објавени на ЕНЕР. Резултатите се претставени по министерства, каде со сива боја е прикажан бројот на предлог-закони објавени на ЕНЕР од 1 јануари 2014 г., а со црвена боја е претставен бројот на предлог-закони кај кои се забележани отстапки. Со клик на името на соодветното министерство се добива преглед на сите објавени предлог-закони, како и информации за периодот на траење на консултациите.